Промена на стакло се врши кога е направена минимална штета на екранот и телефонот притоа нормално работи т.е. екранот има јасна слика.
Среќа во несреќа е кога само стаклото е малку напукнато и тогаш нема потреба да го менувате комплетно целиот екран.
На овој начин вие го задржувате оригиналниот екран ( боите и сликата си остануваат исти ) и ви се менува само предното стакло.
Втора добра причина е секако цената, која е многу повтина од промена на комплетно нов оригинален екран.
Постапката за промена на стакло е малку поспецифична и временски подолга од промена на екран.
На пример, екран се менува за 30 минути додека за промена на стакло потребни се 8-16 часа од кои минимум 8 часа се потребни да се исуши лепакот помеѓу новото стакло и стариот оригинален екран.
Промена на екран се врши во случај кога:
- на дисплејот има мртви пиксели
- екранот трепка
- нема слика на целиот екран
- на екранот има хоризонтални или вертикални линии
- и друго